Затворен угостителски објект во Гостиварско поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19

Фото: МИА

Вчера во 19.30 часот во с. Добридол, општина Врапчиште, при извршување работни задачи, полициски службеници од Полициското одделение Галате забележале дека еден угостителски објект работи по дозволеното време. При контрола, во објектот биле затекнати пет лица гости и сопственикот М.С.(47) од с. Добридол.

Сопственикот М.С. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Од страна на Државниот пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот