Затворен угостителски објект во Чегране, приведен сопственикот

Фото: МВР

Синоќа во 21.15 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициското одделение Чегране извршиле контрола во угостителски објект во селото, сопственост на В.Ф. (37) од Чегране. При контролата, во објектот биле затекнати четири лица, заедно со сопственикот и било констатирано дека не биле почитувани меркита на Владата за спречување на ширењето на ковид-19.

– Објектот бил затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственикот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопштија денеска од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот