Затворен пиратски сервис со над 2 милиони претплатници, запленети над 40.000 филмови и серии (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Акцијата започна уште во 2019 година, соопшти полицијата.

Шпанската полиција разоткри, во рамките на меѓународната полициска акција, голема криминална група која се занимавала со нелегална дистрибуција на аудио и видео материјали. Оваа група имала повеќе од два милиони претплатници, а се сомниче дека остварила профит поголем од 15 милиони евра.

Акцијата е изведена на 3. јуни во соработка со полицијата на десетина европски земји, а во таа прилика се претресени објекти во потрага по докази. Припадниците на оваа група се сомничат дека нелегално дистрибуирале 40.000 канали, серии и филмови.

Со полициската акција се запленети 4,8 милиони евра, вклучувајќи и недвижности во вредност од два милиони евра, четири автомбили во вредност од околу половина милион евра, луксузни часовници, криптовалути и електронска опрема.

Полицијата на 11 банкарски сметки замрзна 1,1 милион евра. Акцијата започна уште во 2019 година, соопшти полицијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот