Затворен патот Градско – Прилеп поради сообраќајка на Плетвар

Сообраќајна несреќа вечерва го затвори за сообраќај патот Градско – Прилеп, според информациите од терен делницата е блокирана од извртен камион кој сообраќал на оваа релација.

Од Центарот за управување со кризи, пренесувајќи ја информацијата од АМСМ велат дека сообраќајната несреќа се случила вечерва и патот од мотел „Дреново“ кон Плетвар е затворен во двата правци од 20:20 часот.

Засега нема информации да повредени лица, како и за тоа дали има и други возила кои учествувале во несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот