Затворен објект во Тетово, приведени 12 лица

Полиција / Фото: МВР

Полициски службеници на СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер (8 јуни) од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски” во Тетово. При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости.

Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години. Тие се лишени од слобода заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот