Затворен луна паркот на бул. „Борис Трајковски”, забранета е работата на вакви паркови во моментов

Патувачкиот луна парк, кој е поставен на раскрсницата на бул. „Борис Трајковски” и бул. „Србија” во Кисела Вода е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција, во одговор на прашање рече дека луна паркот е затворен од нивна страна, бидејќи е забрането вакви луна паркови да работат сега.

– Луна паркот има уредно издадена дозвола, но забранета е рабоата на луна парковите сега. Истиот е затворен во петокот или саботата, а од нивна страна било кажано дека не знаеле дека не смеат да работат, истакна Пауновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот