Затворен и судот во Валона: Во Албанија за првпат над 400 новозаразени со ковид-19

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, каде денеска бројот на новозаразени за првпат ја надмина бројката од 400.

– Регистран е нов рекорд на инфицирани со коронавирус. Од направените 1.744 тестови во изминатите 24 часа, ковид-19 е дијагностициран кај 421 лице што е 24,1 отсто. Во исто време починаа седум паценти или 543 досега, додека оздравени се 118 лица, со што бројката на оние кои го победија опасниот вирус се зголеми на 11.696, информира Министерството за здравство и социјална заштита, апелирајќи за строго почитување на мерките за заштита.

Од почетокот на март, кога беа регистрирани првите случаи во земјата, до сега се направени 133.291 тестови, позитивен резултат е добиен кај 22.721 лице, оздравеле 11.696, додека активни на болеста се 10.482 граѓани, а 346 од нив се хоспитализирани во трите ковид болници.

Поради заразени судии и друг персонал, по Каваја, Драч и Тирана, од денеска затворен е судот и во Валона. Не работат и градинки во повеќе градови, Одделенето за катастар во Елбасан, а заразени има и меѓу наставниот кадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот