Затворањето на границите ќе ја скрши економијата: Грчките лекари загрижени по пристигнување на заразени патници од Катар

epaselect epa08443833 ? crew member checks the temperature of commuters while boarding a ship at the port of Piraeus, near Athens, Greece, 25 May 2020. The reopening of traveling to and from all Greek islands is taking place from 25 May on, ending the coronavirus travel bans. EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Но епидемијата ја уништи и онака кревката економија и тоа тогаш кога почнаа да се покажуваат знаци на опоравување по речиси една деценија.

Откако е утврдено дека од 91 патник, кои во понеделникот слетаа со „Катар Ервејс“ во Атина, 21 се позитивни на коронавирус, поради што се запрени летовите до средината на јуни, се огласија и грчките лекари.

На сите патници, било да се позитивни или негативни на ковид-19 им е одредена мерка карантин.

– Знаевме дека може да дојде до вакви случаи. Ќе видиме што ќе се случува во текот на летото, рече професорот Николас Сипсас, експерт за заразни болести.

Најсигурно би било да не се отвораат границите, но тоа, од друга страна би било погубно за економијата. Прва работа која треба да ја направиме е да ги поделиме земјите на оние со поволна и неповолна епидемиолошка ситуација, односно на сигурни и несигурни категории. Тоа создава дипломатски притисок, но нам приоритет ни е јавното здравје, додаде Сипсас, инаку еден од членовите на грчкиот кризен штаб за борба против коронавирусот.
Патниците кај кои е потврден коронавирусот се изолирани, и според одлуката на владата, ќе поминат 14 дена во хотел во карантин. Најмалку двајца од нив се членови на австалијанско – грчката заедница кои традиционално престојуваат во Грција преку лето. На патниците кои не се заразени исто така им е одреден карантин, но во траење од 7 дена, по што ќе им биде направен уште еден тест. Ако биде негативен, мерката за изолација ќе им биде укината.

Грција во понеделникот соопшти дека ќе ги покрие сите трошоци за сместување на туристите позитивни на коронавирус. Минатата недела Кипар, чие економско опоравување исто така зависи од туризмот, објави слични планови.

– Наша цел е да обезбедиме максимална безбедност за населението и посетителите, рече портпаролот на владата Стелиос Пецас.

Удар врз и онака кревката економија

Грција, според Гардијан, успеа да одржи ниска стапка на инфицирани и да тргне кон ублажување на мерките од 4.мај. Строгото спроведување на мерките на почетокот од епидемијата резултираше со тоа што Грција забележа помалку од 3.000 заболени од ковид-19 и 179 починати, што е една од најниските стапки на смртност во Европа. Но епидемијата ја уништи и онака кревката економија и тоа тогаш кога почнаа да се покажуваат знаци на опоравување по речиси една деценија.

Атинската управа потсети дека сите летови ќе бидат можни од 15 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот