Затрупани автомобили: Рекордна количина снег во Канада (ВИДЕО)

Локалните власти во петокот прогласија вонредна состојба, а денеска ја продолжија.

Рекордна количина снег го блокираше канадскиот регион Њуфаундленд.

Локалните власти во петокот прогласија вонредна состојба, а денеска ја продолжија. Снежната бура ги затрупа автомобилите и создаде високи наноси на снег на патиштата.

Меѓународниот аеродром во Ст. Џонс е затворен поради вонредните временски услови, а министерот за природни ресурси, Сеамус О’Реган, рече дека приоритет е расчистувањето на патиштата.

CP24 пренесува дека е ангажирана армија за чистење на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот