ЗАТОА Е ВЕЛИКАН: Ѓоковиќ со силна порака до конкуренцијата! – Слободен печат
ОстанатoСпорт

ЗАТОА Е ВЕЛИКАН: Ѓоковиќ со силна порака до конкуренцијата!

Осум трофеи, српскиот тенисер и натаму го „лови“ првото место, но остварувањето на таквата цел ќе зависи и од Рафаел Надал.

Новак Ѓоковиќ после триумфот во Париз од недела ќе ја започне битката за последниот трофеј оваа сезона, на АТП завршниот турнир во Лондон.

Нема да биде само борба за престижниот трофеј, туку и за првата позиција на крајот од сезоната.

Петпати беше прв на крајот од сезоната, доколку успее Србинот во тоа и оваа година, ќе се израмни со рекордот на Американецот Пит Сампрас.

Ѓоковиќ е во групата „Бјерн Борг“ заедно со Рожер Федерер, Доминик Тим и Матео Беретини.

– Ќе биде тоа една тешка задача за мене со оглед на тоа какви ривали имам во групата. Доколку успеам годината да ја завршам на првото место, ќе биде фантастично. Имам голем мотив – рече Ѓоковиќ.

Со оглед на тоа што Федерер му е противник во групата, Новак се потсети на еден од нивните последни дуели, финалето на „Вимблдон“, кога Србинот направи историски пресврт.

– Во таквите мечеви користам визуелизација, односно одиграм меч воглавната пред да излезам на теренот. Секако, такво сценарио не можев да предвидам, но се обидувам да бидам подготвен за сите можни ситуации. Во мене се води поголема битка, за разлика од онаа поврзаната, со противникот – додаде Ѓоковиќ.

Ноле признава дека Федерер и Надал му даваат најголем мотив.

– Едни со други се тераме напред. Веројатно поради нив двајца и понатаму се натпреварувам на ова ниво. Дури и да ги престигнам, и понатаму ќе ми бидат голема мотивација – вели српскиот тениски ас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close