Затоа е Норвешко чудо од дете, Халанд секој ден прави по 1.000 стомачни и 300 склекови

фото: твитер

Селекторот на младата репрезентација на Словачка, Станислав Мацек во Салцбург го тренираше Ерлинг Халанд и вели дека во иднина го гледа како член на Реал Мадрид и модерна верзија на Ибрахимовиќ.

Младиот норвешки фудбалер, Ерлинг Халанд, е вистинска сензација во фудбалска Европа каде сите најголеми екипи ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.

Првиот чин од оваа „војна“ и припадна на Борусија Дортмунд која во зимскиот преоден рок ги победи гигантите како Манчестер јунајтед, Челси, ПСЖ и го купи Халанд од Салцбург кој во само три месеци покажа зашто го нарекуваат норвешко чудо од дете, на осум натпревари постигна девет гола, од три постигна во деби натпреварот.

Селекторот на словачката репрезентација од 18 години, Станислав Мацек, кој работеше со Халанд во Салцбург, за шпански „АС“ зборува за навиките на одличниот напаѓач.

– Бев импресиониран уште на првиот тренинг со него, тој беше момче што работеше како професионалец. Неговите цели отсекогаш беа јасни. еднаш ми рече: Не морам да работам брзо за да успеам, но морам да работам напорно.
И навистина тој работи напорно, речиси без престанок – вели Мацек за „АС“.

Словакот истакнува дека фудбалерот и надвор од тренинзите работи на себе.

– Додека бевме заедно во Салцбург, еднаш ми рече дека секој ден прави по 1.000 стомачни и 300 склекови. Направи голем чекор во кариерата со преминувањето во Борусија Дортмунд, играше во Лигата на шампиони. Доколку продолжи да напредува со вакво темпо, сигурно е дека наскоро ќе го видиме во уште поголем клуб, можеби во Реал Мадрид. Халанд е модерен Ибрахимовиќ и е создаден да биде играч на Реал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот