Затоа е најдобар, Надал се врати од мртвите и го совлада Медведев

EPA-EFE/WILL OLIVER

Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е неверојатен борец кој не се откажува никогаш. Шпанецот со неверојатен пресврт го победи Данил Медведев во три сета и тоа со 6:7,6:3,7:6 за два часа и 49 минути игра.

Надал по поразот од Зверев во првото коло, денеска дојде до првата победа со која остана во игра за пласман во полуфиналето. За да се најде меѓу најдобрите четворица на завршниот Мастерс во Лондон, Надал во петок ќе мора да го победи Стефанос Циципас.

Во првиот сет, и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, и дозволија само една брејк топка која Надал во седмиот гем успешно на спаси. Во тајбрејкот Медведев беше посмирен во одлучувачките моменти за триумф од 7:3.

Во вториот сет, Надал веднаш го нападна сервисот на Русинот и дојде до брејк. Предноста ја задржа до деветиот гем кога повторно го одзеде сервисот на Медведев за 6:3 и израмнување на 1:1 во сетови.

Во третиот сет, Медведев почна фуриозно, ги одзеде првите два сервиса на Надал, поведе со 5:1 во гемови и најави големо изненадување. Сепак, Надал уште еднаш покажа дека е неверојатен борец, прво при негатива од 2:5 успеа да спаси меч топка, а потоа направи и два брејка со кои дојде до израмнување на 5:5 во гемови.

Со сигурни сервиси на двајцата тенисери, дуелот замина во одлучувачкиот тајбрејк во кој Надал беше подобар и на крајот дојде до голема победа со која ја продолжи и борбата со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП ранг листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот