Затоа е најдобар кошаркар во историјата, Џордан по 10 испиени пива му даде 44 поени на Кливленд

Мајкл Џордан за сите кошаркарски експерти е најдобриот играч во историјата, а освен баскетот, за летечкиот Мајкл не беа непознати ниту алкохолот и обложувањето.

Една од анегдотите кои потврдуваат дека Џордан со право се смета за најдобар кошаркар во историјата ја раскажа поранешниот НХЛ играч на Чикаго блекхокс, Џереми Роник.
Роник и Џордан беа добри пријатели и редовно кога им дозволуваа обврските времето го поминуваа заедно и тоа најчесто играјќи голф, а притоа редовоно конзумираа алкохол.

– Игравме голф во 1992 година и го победив неколку пати за што заработив неколку илјади долари по што се подготвував да си заминам дома. Чикаго булс таа вечер играа против Кливленд, но Мајкл не ми дозволи да заминам, ми предложи да одиграме уште една партија голф – се потсетува Роник.

Хокеарот повторно го победи летечкиот Мајкл и повторно заработи неколку илјади долари, но бидејќи партијата се оддолжи Џордан мораше да оди директно на натпревар.

– Продолживме да играме голф цело попладне, испивме најверојатно по 10 пива, а потоа Мајкл замина директно на натпревар. Се шегував со него дека сите пари кои ги заработив на голф, ќе ги вложам на победа на Кливленд. Тогаш Мајкл ми кажа дека сака да се обложи со мене, ми рече дека Чикаго ќе победи со повеќе од 20 поени разлика, а тој ќе постигне повеќе од 40 поени. Кој не би прифатил таков облог ако знае дека Мајкл испи 10-тина пива? Џордан на Кливленд му даде 52 поени, а Чикаго победи со 26 поени разлика – вели Роник.

Иако Роник не кажа за кој натпревар станува збор, новинарите открија дека тој мислел на средбата одиграна на 28 март 1992 година кога Џордан даде 44 поени, а Чикаго славеше над Кливленд со 126:102.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот