Застрашувачко видео покажува како „облак“ на коронавирусот се шири во маркетот кога некој ќе се накашла или ќе кивне

принтскрин/Youtube

Коронавирусот се шири низ воздухот кога некој ќе се накашла или ќе кивне, а оваа 3Д симулација што ја направиле научници од Финска покажува на кој начин патува „облакот“ на коронавирусот низ внатрешноста на супермаркетот.

Научниците креирале компјутерска симулација за да проучат колку далеку вирусот може да стигне во затворен простор. Резултатите до кои дошле се загрижувачки – заразените капки можеле да заразат здрави лица и откако инфицораната личност заминала од местото на кое кашлала или кивнала.

Тие апелираат дека најдобар начин да ја избегнете заразата е ако избегнувате јавни места на кои има многу луѓе.

„Ако одите на места каде што има многу луѓе, задржете се најкратко што можете“, советува професорот Вили Вуринен од универзитетот Алто во Финска.

Во видеото погледнете како капките на коронавирусот се шират низ продавницата и колку долго остануваат во воздухот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот