Застрашувачки работи кои биле допуштени во минатото (ВТОР ДЕЛ)

Радиоактивни играчки

Во педесеттите години на минатиот век радијацијата е третирана како прилично сигурна работа. Таквите „атомски“ играчки, како што е минилабораторијата прикажана на сликата, биле мошне популарни. Сетот за експерименти вклучувал вистински полониум и уран во мали количини.

Човечки зоолошки градини

Човечките зоолошки градини имале за цел да ги покажат луѓето од Азија и Африка како „доказ“ на Дарвиновата теорија. Таквата срамна забава постоела со години. На сликата можете да го видите белгиската зоолошка градина од 1958 година.

„Забавни излети“ во менталните болници

Пациентите во психијатриските болници во минатото биле лошо третирани – персоналот ретко им давал храна, иако роднините плаќале за сместување и за храна. Но на сопствениците на менталните болести тоа не било доволно.

Тие направиле мала фирма: посетители можеле да платат одредена сума пари за да ги гледаат кутрите луѓе, а некои дури и ги боделе со стапови.

Збирка на делови од тело

Денес е чудно да се слушне дека некои луѓе собираат делови од човечко тело како трофеи. Но во минатото тоа било стандардно хоби и не предизвикувало гадење. Угледните господа имале сопствени патоанатомски соби дома.

Дури и војниците дома си ги носеле черепите на своите непријатели. На оваа слика гледаме американски морнар кој за време на Втората светска војна земал череп од јапонски војник.

Пушење во текот на бременоста на рецепт

Пред 70 години американските лекари на трудниците им препорачувале да пушат за да се ослободат од запекот. Значи, на жена која само што се породила, не ѝ било забрането да пуши во болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот