ЗАСТРАШУВАЧКИ ПРОЦЕНКИ НА ОН: Половина милион луѓе во Лесото ќе гладуваат поради сушата

Европска Унија денеска најави помош во висина од 1,5 милиони евра.

Една четвртина од населението во Лесото односно на половина милион луѓе им се заканува глад поради сушата, проценуваат Обединети нации и побараа помош од меѓународната заедница.

– Поради минатогодишната суша што ја погоди државата во јужниот дел на Африка голем број на руралната популација нема доволно храна, изјави координаторот на ОН, Салватор Нијонзима.

Европска Унија денеска најави помош во висина од 1,5 милиони евра.

Владата на Лесото проценува дека се потребни 74 милиони долари за да се набави доволно храна за населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот