ЗАСТРАШУВАЧКИ: Погледнете како изгледа велешко по огнената стихија (ФОТО)
На овие десет фотографии може да се воочат страшните последици од големиот шумски пожар над велешкото езеро „Младост”, кој по 11 часа дивеење на огнената стихија од која постоеше опасност да се зафатат и околните населби, изгоре површина од 400 хектари од кои половината со борова шума и 200 хектари под сува трева.
Материјалната штета е голема, но голема е и штетата по животната средина. Околината на велешкото езеро „Младост” е омилено рекреативно место на велешани и многубројни домашни и странски туристи. Експертите веќе посочија дека последиците се големи и ќе треба да помине најмалку половина деценија за боровата шума која пред 50 години доброволно ја засадија велешани повторно да се ревитализира.
Фотографиите се преземени од инста-профилот на Андреј Михајлов.
Погледнете ја целата галерија: