Застрашувачка приказна: Остров на кој никој НЕ СМЕЕ ДА СТАПНЕ (ВИДЕО)

Островот на змиите не е имагинарна локација од кошмарите или од хорор филмовите, туку вистинско место кое луѓето навистина го нарекуваат така.

Островот е оддалечен 30 км од Сао Пауло и од воздух изгледа неверојатно убаво – зелена вегетација, прекрасен карпест брег и кристално чисто море.

Но тој е дом на најсмртоносните змии на светот, кои таму ги има буквало илјадници.

На Земјата не постои место на кое концентрацијата на змии отровници е поголема отколку таму.

На осторовот не живеат луѓе, а единствен доказ за човечко постоење е светилникот изграден за да се избегнат бродоломите. Според записите, во раните 1900-години на островот живеел човек задолжен за тоа.

 

Според легендите, последниот светилничар и неговото семејство не преживеале бидејќи змиите влегле во нивниот дом низ отворените прозорци.

Друга страшна приказна зборува за рибарот кој имал бродолом на брегот, па морал да се симне на островот. Додека се обидувал да скине банани, змиите му скокнале од дрвото. Обидувајќи се да побегне бил, каснат повеќе од 10 пати!

Змија чиј отров го стопува месото

Змиите јамичарки што живеат на островот имаат отров кој буквално го топи човечкото месо на местото на угризот и е дури петпати посилен од отровот на змиските роднини од копното. Имаат златна боја, а главите им се во форма на копје.

 

Бразилската влада забранила посетување на островот освен за научници и истражувачки тимови, кои мора да имаат дежурен лекар во близина и заштитини одела.

Постои и црн пазар за тури кои носат на островот, како и за набавка на златни змии. Цената на една златна змија наводно се движи од 10 до 30 илјади долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот