Застој на ГП Богородица и Табановце, се чека околу 30 минути - Слободен печат
ВестиМакедонија

Застој на ГП Богородица и Табановце, се чека околу 30 минути

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата освен на граничните премини Богородица и Табановце каде времето на чекање е околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата освен на граничните премини Богородица и Табановце каде времето на чекање е околу 30 минути, информираат од Автомото сојузот.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на обиколницата „Мајка Тереза”, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, наведуваат од АМСМ, е нормализиран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close