Заслужено го носи името – „кралица на есента“: Тиквата е мала тајна на долговечноста

Фото: Unsplash

Есента е сезона за тиквата. Постојат толку разновидни начини на нејзино приготвување, како за ниеден друг зеленчук. Но, за жал, најчесто се приготвува само како печена или варена.

Тиквите се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Тиквата, како продукт во исхраната, се употребувала уште во далечното минато. Археолошките истражувања укажуваат дека тиквата се користела пред 3.000 години, а можеби и пред 5.000 години. Семки од тиква се најдени во гробниците на перуанските Индијанци, а жителите на древна Грција и Рим во исушена тиква чувале разни течности. Диви тикви биле најдени во Северна Африка и се претпоставува дека и на тоа подрачје виреела тиквата од каде што и се раширила низ целиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benjamin Winkler (@mr.winkler)

Постојат голем број разни видови тикви

Може да се поделат во две групи, зимскa и летнa тиква. Летната тиква обично е мека, а зимската е потврда, како однадвор така и однатре. Зимските тикви, ако се чуваат на ладно место, може да траат подолго и до неколку месеци, не губејќи ги своите својства.

Меѓу зеленчукот, тиквата е шампион по содржина на железо, бакар и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините Ц, Е, витамини од групата Б, каротен. По содржината на каротен, тиквата е побогата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбени влакна, кои лесно ги прима организмот. И за крај, тиквата е малку калорична.

Тиквата и лек и храна

Благодарение на високата содржина на калиум, тиквата ја подобрува работата на срцето, ги зацврстува крвните садови и го намалува отокот. Според тоа, тиквата е идеална храна за луѓе што страдаат од кардиоваскуларни болести.

Варена тиква особено е полезна за оние што имаат проблем со киселини во желудникот. Лекарите препорачуваат тиква во исхраната на болните од чир на желудникот и дванаесетпрсното црево, а полезна е при гастритис. Во сите случаи се препорачува пиење на сок од тиква. Тиквата е еден од најдобрите природни диуретици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by minnteez (@cananmin)


Суровата тиква го стимулира лачењето на жолчката, ја стимулира перисталтиката на дебелото црево, а со тоа помага при запек.

Зошто е важен витаминот Т?

Тиквата го содржи малку познатиот и малку изучуван витамин Т, кој всушност и не е вистински витамин. Она што е карактеристично за овој витамин е дека ретко се среќава во намирниците, но затоа, пак, го има во тиквата, а тоа не е мала работа.

Зошто е важен овој витамин? Затоа што тој активно учествува при формирање на тромбоцитите и помага при згрутчување на крвта, го забрзува процесот на размена на храната во организмот и учествува во процесот на создавање протеини. Токму затоа може да се каже дека тиквата е одличен гарнир (прилог) кон говедското, свинското и други масни меса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Upendra Lala (@lalaupendra)


Тиквата е многу корисна за лицата што страдаат од анемија, едноставно затоа што тиквата ги содржи сите минерали што учествуваат при создавање на крвта, а тоа се железото, бакарот и цинкот.

Добро е да се знае и дека тиквата содржи соли на цинк, а тоа значи дека ја поддржува потенцијата кај мажите. Во Индија тиквата ја ценат поради големата количина витамин Е, тврдејќи дека го забавува стареењето.

Како лек се препорачува да се јаде 250-300 грама рендана тиква, пред оброк, разделена на три оброци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот