Фото: Инстаграм

„Заситени сме од совршените приказни на Инстаграм, но реалноста е поинаква“: Ќерката на Кеба проговори за семејството и кариерата

Ќерката на пејачот Драган Којиќ Кеба, Наташа Којиќсе врати од Америка во Србија, за да учествува на „Изборот за песна на Евровизија“. Таа ќе ја изведе својата песна „Горе и долу“, а при гостувањето во емисијата на „РТС“ проговори за семејството и кариерата.

– Музиката, текстот и аранжманот ги направив сама. Технички не беше лесно, но успеав да ја адаптирам песната за ваков натпревар – изјави Наташа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natasha Kojic (@natashakeymusic)

 

Признава дека ѝ се важни туѓите совети, но премногу коментари ја збунуваат, па најдобро е кога сама носи важни одлуки:

– Убаво е да се слушаат туѓи совети, но кога ги има премногу, тешко е да се избере вистинскиот пат. Сепак, имам и некои мои фиксни идеи кои сакам да ги применам во пракса. Кога човек слуша премногу мислења, има проблем да донесе одлука. Барем кај мене е така“, нагласи таа.

Таа признава дека нејзината најголема сила е семејството и дека без нивната поддршка не би била таму каде што е:

– Голема среќа е да знаеш дека твоето семејство е зад тебе, особено во овие времиња. Песната зборува за животните подеми и падови, за тоа како сè оди во круг. Денес сите сме заситени со совршени прикази на животот на Инстаграм, но реалноста е поинаква – сè оди нагоре, надолу, лево, десно. Важно е да ги избереме луѓето што не опкружуваат и да има единство – рече таа и додаде:

– Единството е единственото нешто што може да го спаси светот и тоа е поентата на животот – заклучила ќерката на Кеба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот