„Засилувања“ за Реал: Валверде негативен на ковид-19, Марсело не мора на избори!

epa09164116 Madrid's Marcelo Vieira (L) vies for the ball against Chelsea's Cesar Azpilicueta (R) during the UEFA Champions League semifinal first leg soccer match between Real Madrid CF and Chelsea FC at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 27 April 2021. EPA-EFE/JuanJo Martin

Реал Мадрид в среда ќе игра против Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите (првиот меч во Мадрид заврши 1:1), а пред реваншот во Лондон, „кралскиот“ клуб доби две важни засилувања, затоа што ќе може да смета на Федерико Валверде и Марсело.

Уругвајскиот играч за врска Валверде имаше проблеми со коронавирусот, а пред патувањето на мадридскиот клуб во Лондон, тој доби негативен тест и ќе може да игра против „сините“. Претходните денови не тренираше со екипата, но дефинитивно ќе отпатува за Лондон и се очекува да биде во составот на Зинедин Зидан.

Федерико пропушти четири натпревари во „Ла Лига“ и еден во Лигата на шампионите поради коронавирусот. Ја има довербата од францускиот тренер, па нема сомнение дека ќе игра на „Стемфорд Бриџ“. Тој беше клучот и за победата на Реал на дуелот против Ливерпул во четвртфиналето од ЛШ.

Што се однесува до Марсело, тој исто така ќе биде во тимот бидејќи беше ослободен од граѓанската должност да биде присутен на избирачкото место во Мадрид денеска на 4 мај. Таму има локални избори и тој се појави во вторникот наутро каде што беше поканет, но во секој случај Бразилецот доби дозвола да ја напушти Шпанија.

Инаку, во таа земја постои правило дека сите граѓани понекогаш добиваат должност да бидат присутни на изборите. За тоа добиваат по 65 евра, ваквата информација ја пренесува „Би-Би-Си“.

Манчестер сити на чекор од прво историско финале во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот