Засилени полициски контроли во Тетово и Гостивар

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (05.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово и Гостивар, при што санкционирани се 203 возачи.

Притоа, изречени се 113 санкции во Тетово, меѓу кои 10 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), шест за возење без возачка дозвола…

„Во Гостивар се изречени 90 санкции, меѓу кои, 16 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 12 за возење без возачка дозвола. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“ велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот