Засилени мерките на Филипините: Повеќе од 27 милиони луѓе се повторно во карантин

Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Повеќе од 27 милиони луѓе во Манила и нејзината околина повторно се во карантин по воведувањето нови рестриктивни мерки заради спречување на коронавирусот, кој нагло се шири на Филипините.

Мерките стапија на сила ноќеска откако бројот на заразени лица во земјата надмина 100.000, а медицинските здруженија го повикаа претседателот Родриго Дутерте да преземе нешто во врска со тоа.

„Нашите здравствени работници не треба да го сносат товарот да одлучуваат кој ќе живее, а кој ќе умре”, наведуваат лекарите во отвореното писмо испратено во текот на викендот, предупредувајќи дека здравствениот систем е пренатрупан.

Двете големи државни болници во Манила се привремено затворени поради зараза кај здравствените работници, додека некои приватни болници ги одбиваат пациентите поради недостиг на простор, пренесува „Гардијан”.

Во последните денови, епидемијата на коронавирус на Филипините се шири брзо и веќе се регистрирани 106.330 случаи, а над 2.000 луѓе починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот