Засилени мерки за контрола на бучавата во Општина Аеродром

Општина Аеродром упатува апел да се почитуваат пропишаните правила и закони, бидејќи прекршувањата според член 56 и 57 од Законот подлежат на високи глоби, кои се движат од 2 000 до 3 000 евра за трговци поединци, а од 6 000 до 98 000 евра за микро, мали, средни и големи трговци

Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатиот период извршиле мерења и анализа на нивото на бучава во животната средина.

– Мерењето ја опфати бучавата од угостителските објекти, автопералниците и бучава што се емитува од надворешните единици на клима-уредите од маркетите. На две места од извршените мерења резултатите покажаа надминување на максимално дозволеното ниво на бучава за што ќе бидат преземени соодветни мерки согласно со Законот за заштита од бучава – информираат од Општина Аеродром.

Меѓу другото, од оваа локална самоуправа најавуваат дека, во периодот што следува континуирано ќе продолжат да вршат мерења на бучавата по пријава од граѓани, но и по службена должност.

– Општина Аеродром упатува апел да се почитуваат пропишаните правила и закони, бидејќи прекршувањата според член 56 и 57 од Законот подлежат на високи глоби, кои се движат од 2 000 до 3 000 евра за трговци поединци, а од 6 000 до 98 000 евра за микро, мали, средни и големи трговци – информираат од оваа локална самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот