Засилени безбедносни мерки во центарот на Атина

Над 5000 полицајци, дронови и хеликоптер денеска ќе се грижат за безбедност во Атина, во обид да се спречат инциденти за време на одбележување на годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата.

Како и секоја година ќе се одржи протестен марш од Политехничкиот факултет, местото од каде што почна бунтот во 1973, до Амбасадата на САД во Атина.

Под посебно полициско обезбедување ќе бидат владините објекти, министерствата, амбасадите и слично, а според медиумите во Грција, за безбедноста на американската амбасада ќе биде поставена блокада од 17 полициски автобуси.

Паралелно, ќе бидат затворени и три метро станици што се наоѓаат во деловите низ кои ќе поминат демонстрантите.

За првпат на улиците ќе излезе и новоформираната полициска единица „Драси”, односно полицајци на мотори кои ќе се движат низ центарот на Атина, а во состојба на готовност ќе бидат и цистерните со вода за растерување демонстранти.

Прочитајте и...  Царовска: Она што го слушнавме од Јанушев ги вознемири сите жени во државата

Грчката полиција веќе од четвртокот започна да спроведува дел од мерките, во соработката со општината отстранети се сите канти за отпадоци во центарот на Атина.

Во фокусот на грчката полиција веќе неколку денови е атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на анархисти и населба во која секоја година, по завршувањето на традиционалниот марш се случуваат сериозни инциденти меѓу маскирани лица и полицајци. Особен акцент, полицијата ќе стави на спречување на нападите на маскираните лица со предмети и молотови коктели од балконите на зградите, а според АНА-МПА, за да се избегне реприза на ваквите инцидентите од изминатите години, задолжени ќе бидат дроновите на грчката полиција кои ќе ја следат ситуацијата.

Прочитајте и...  Заев за Груевски: Кога тогаш, ќе се врати назад и ќе си ја одлежи казната во Шутка и Идризово (ВИДЕО)

Медиумите во Грција коментираат дека оваа година „Атина мириса на барут” и дека постојат страв од сериозни инциденти поради последните случувања, меѓу кои интервенциите на полицијата во објекти под опсада, влезот во Економскиот факултет во Атина и празнење на просториите што беа под опсада, но и по поради последниот судир на полицијата со група маскирани лица во дворот на Економскиот факултет.

Градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, преку неговиот официјален Фејсбук профил повика сите учесници во протестот да покажат почит кон градот, да ја испратат вистинската порака, а не „повторно да се фрли во сенка суштината која што е борбата на младината за демократија”.

Протесниот марш од Политехничкиот факултет до Амбасадата на САД во Атина е закажан за попладневните часови.

Прочитајте и...  Во САД ослободен педофил осуден на 1.000 години затвор

Прочитај повеќе

Четворица новозаразени од коронавирусот во Кичево

Слободен печат

Богојески од Крушево: Очекувам сите крушевчани без разлика на нивната политичка припадност да гласаат за Македонски концепт

Слободен печат

Автомобил влетал во група демонстранти на автопат кај Сиетл, две жени повредени (ВИДЕО)

Слободен печат

Јанушев од Петровец: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми платите за 25 отсто, пензиите за 20, а ќе ја намали невработеноста под 10 отсто

Слободен печат

Земјотрес од 5,5 степени го погоди Таџикистан

Слободен печат

Ахмети: И ние сме граѓани на оваа држава, зошто да не инсистираме на премиер Албанец?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Регистрирани 147 нови случаи на коронавирус во земјава, починаа 6 лица

Слободен печат

Трамп од Рашмор со пораки на раскол и повик за културна војна против неистомислениците

Слободен печат

Заев: Целиот демократски свет не охрабри дека сме на вистинскиот пат и дека така треба да продолжиме

Слободен печат

Филипче: Болницата во Кавадарци пример за одговорно работење (ФОТО)

Слободен печат

Болсонаро го одобри законот за задолжително носење маска на јавни места

Слободен печат

Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Слободен печат