Зашто сите не можат да се тестираат на корона како што тоа го прават фудбалерите

EPA/ROMAN RIOS

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хозе Антонио Камачо, не верува дека фудбалерите треба да имаат предност кога станува збор за тестирањето на коронавирусот и споредбите со луѓето кои не се во фудбалот.

Шпанската влада даде зелено светло да се врати фудбалот и да се доигра Ла Лига по што започнаа масовните тестирања на фудбалерите за да се обезбедат услови за безбедно доигрување на сезоната.

Но, Камачо во интервју за радио Марка вели дека не му е јасно зашто секој не може да направи тест за коронавирус како што прават фудбалерите.

– Не се работи само за тоа дека фудбалерите се привилегирани, едноставно не ми е јасно зашто сите не можат да направат тест. Посебно оние кои се на првата линија на фронтот во борбата со коронавирусот – вели Камачо кој смета дека враќањето на фудбалот ќе ги оттргне мислите на луѓето од ужасниот вирус.

– За враќање на фудбалот е добро фудбалерите да тренираат индивидуално. Доколку се врати фудбалот, тогаш барем малку ќе ги оттргне мислите на луѓето од овој ужас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот