Зашто најдобриот фудбалер на светот да оди на позајмица?

twitter.com/goal

Џонатан Барнет, агентот на Герет Бејл изјави дека Велшанецот нема да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ се додека не му истече договорот со Реал Мадрид.

Иако минатото лето се шпекулираше дека Герет Бејл ќе си замине од Реал Мадрид, се споменуваше трансфер во Кина, а дури и тренерот Зинедин Зидан говореше дека најдобро за самиот фудбалер е да замине.

Но, на крајот Бејл остана на „Сантијаго Бернабеу“, а сега неговиот агент Џонатан Барнет најави дека Велшанецот ќе остане во Мадрид до крајот на договорот.

– Бејл има уште две и пол години од договорот и ќе остане во Реал. Тоа постојано го зборувам и ниту еден момент не отстапив од ова. Работите можат да се променат во секој преоден рок, но позајмиците се бесмислени.Герет е среќен во Мадрид и може да освои уште трофеи со екипата. Тој е еден од најдобрите фудбалери на денешницата и зашто би заминал некаде да позајмица – изјави Барнет.

Герет Бејл во Реал Мадрид пристигна во 2013 година кога Флорентино Перез за неговите услуги на Тотенхем му плати 101 милион евра. Велшанецот со Реал Мадрид дури четири пати триумфира во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот