Заштитна маска од марама и две ластичиња за коса, лесно и брзо се прави, а изгледа шик

Имате дома марама и две ластичиња за коса? Ако имате, маската за заштита е готова за една минутка.

Во периодот на коронавирусот на листата на најбарани предмети, освен прехранбените намирници, се средставата за дезинфекција, ракавиците и заштитните маски.

Поради превенција, носењето маска се препорачува и на здрави лица. Сепак, во недостаток на време, или пак на самиот овој важен предмет за заштита, ќе ви откриеме едноставно решение за изработка на импровизирана маска.

Многу луѓе кои ја совладаа вештината на шиење почнаа да изработуваат маски за себе, за семејството и пријателите, но за оние кои не се вешти во шиење, ниту познаваат некој кој ќе ја направи маската за нив, на социјалните мрежи осамнаа бројни водичи за изработка на масаки.

Нам особено ни се допадна видеото на фризерката Бриџет Брагер која за оваа прилика се послужи со марама, најдобро ако е памучна, и ластичиња за коса (подобро е ако ластичињата се подебели).

Препорачана големина на марамата е 50×50 сантиметри, а кога веќе сами ја изработувате маската, искористете некоја марама која има весел или впечатлив принт или која е во вашата омилена нијанса.

Изработката е едноставна.

Видеото кое е хит на социјалните мрежи, ве води чекор по чекор во многу едноставната „а-ла минут“ постапка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот