Заштитете си го срцето: Ако имате повеќе од 50 години, мора да се придржувате до овие совети

За здравјето на срцето секогаш треба да се грижите, а за тоа посебно мораат да бидат свесни лицата постари од 50 години. Многу луѓе мислат дека нема за што да се грижат бидејќи се доволно здрави, но треба да почнат да работат на околностите за да им биде срцето во најдобра форма.

Седечкиот начин на живот не е добар за срцето, а колку се постари луѓето, би требало сè повеќе да размислуваат за секојдневно пешачење.

Само една прошетка на ден може да го подобри здравјето.

Исто така би требало да си го проверувате својот притисок секој ден за да ги следите можните промени и навреме да откриете ако постои некакво заболување.

Би требало да јадете што повеќе зелен зеленчук бидејќи е полн со витамин К, кој е клучен за да не дојде до згрутчување на крвта и за цврстината на коските. Исто така, би требало да го намалите консумирањето алкохол, бидејќи секојдневното внесување на алкохолни пијалаци влијае на покачувањето на притисокот и на разни болести, како што е кардиомиопатија. Пушењето треба да се намали, а најдобро е да се престане бидејќи никотинот делува така што артериите се стеснуваат, а тоа доведува до забрзана работа на срцето.

Мора да внимавате и на внесувањето на сол поради високиот притисок, а би требало да јадете повеќе риба која е богата со омега-3 масни киселини кои се одлични за срцето. Јадете и малку темно чоколадо бидејќи содржи полифенол кој го штити срцето од болести. Да се дружите со пријателите е убава работа за здравјето на срцето, бидејќи убавото друштво го намалува стресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот