Заштитата од вакцината на Фајзер побрзо се намалува од онаа на Астра Зенека

Вакцина / Фото: ЕПА

Истражување на Оксфорд покажува дека вакцината на Фајзер е поефикасна против делта сојот на коронавирусот отколку на Астра Зенека, но заштитата што ја обезбедува се намалува побрзо.

Британската студија опфати 700.000 испитаници од декември 2020 година до август 2021 година.

Лицето кое добило втора доза на Фајзер пред еден месец, е 90 проценти позаштитено од делта сојот отколку невакцинирано лице, покажа анализата на примероците.

Два месеца по примањето на втората доза, разликата се намалува на 85 проценти, а по три месеци на 78 проценти.

Вакцината на Астра Зенека, според истражувањето, обезбедува 67 проценти заштита по еден месец, 65 проценти по два месеца и 61 проценти по три месеци.

По четири до пет месеци, нивото на заштита обезбедено од Фајзер и Астра Зенека се изедначува, се наведува во студијата, која се уште не поминала рецензија.

– Тие бројки „претставуваат пад” во ефикасноста на вакцината на Фајзер, објасни Коен Поуелс, еден од авторите на студијата.

Сепак, истражувачите истакнуваат дека, и покрај намалувањето на нивото на заштита, „вкупната ефикасност на двете вакцини останува многу висока”.

Тие потенцираат дека истражувачите ја разгледале целокупната заштита од Ковид-19, а не заштитата од потешки форми на болести и хоспитализации, што е важно за „оценување на ефективноста на вакцината”.

Студијата е објавена во момент кога некои земји размислуваат за вакцинација со трета доза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот