ЗАШТЕДУВА НАФТА И ПАРИ: Иран започнува да гради нова нуклеарна централа

Иран, нуклеарна програма / Фото: EPA-EFE/IRAN ATOMIC ENERGY ORGANIZATION

Иран започна со градење на конструкцијата за втора нуклеарна централа, што се гледа како клучен чекор во креирањето на новата постројка со помош на Русија во јужното пристаниште Бушер, јави иранската државна телевизија.

– Нуклеарната енергија претставува стабилен извор на струија и секоја нуклеарка нам ни заштедува 11 милиони барели нафта или 660 милиони долари годишно – рече Али Акбар Салехи, шеф на Иранската организација за атомска енергија.

САД планираат да им дозволат на руските, кинеските и европските компании да продожат со работа на иранските нуклеарни централи за да му отежнат на Иран да набави нуклеарно оружје, рекоа некои познавачи на состојбите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот