Заштедете време: Еве зошто кујната секогаш ви е полна со валкани садови

Unsplash
Unsplash

Речиси секојдневно ви се случува кујната на крајот од денот да ви изгледа страшно, мијалник преполн со валкани садови, а не знаете каде грешите.

Колку и да се трудите, секоја вечер кујната ви изгледа како бојно поле? Можеби едноставно користите премногу садови, кои на крајот завршуваат во мијалникот чекајќи да поминат неколку часови за да ги измиете. За да го избегнете тоа, треба да следите неколку едноставни правила.

Имате премногу садови

Можеби ви се чини малку радикално, но многумина ќе се сложат дека ако имате помалку садови, тогаш помал број од нив ќе користите. Можеби е време конечно да ги средите кујнските орманчиња.

Малите садови измијте ги веднаш по употреба

Секако тоа не значи дека целосно ќе се ослободите од насобирањето садови по оброкот, но сигурно е дека мијалникот нема да биде преполнет. Исто така, многу полесно е да ги измиете садовите веднаш по употреба. На пример, грутчињата и остатоците од брашно веднаш по користење на садот можат лесно да се измијат, но ако отстојат некое време во мијалникот, ќе се исушат и ќе треба силно со жица да го триете садот.

 Побарајте рецепти што се готват во еден ист сад

Ако мислите дека ова е тешко изводливо, се лажете. Постојат безброј вкусни и интересни рецепти за јадења што се готват во еден сад, како варива, супи, ризото, кус – кус или разни салати. Најдете ги и чувајте ги рецептите, па по потреба згответе ги за да ги пробате. Освен во вкусниот оброк, ќе уживате и во празниот мијалник.

На маса ставете го само потребниот прибор за јадење

Можеби масата нема да изгледа привлечно и свечено, но бидете искрени – дали навистина сакате подоцна да ги миете сите оние мали лажички и виљушки, откако гостите ќе си отидат дома? Ако на вечера сте поканиле стари пријатели или членови на семејството, никој нема да ви замери, а вие секако ќе го намалите времето за чистење на кујната.

Секој од семејството нека има место за своја чаша

Ова е совет број еден во намалување на купот валкани садови. Наместо по секое пиење вода, секој член од семејството во мијалникот да става нова нечиста чаша, договорете се секој да земе по една чаша, да ја држи на одредено место и да ја користи во текот на денот, а дури вечерта да ја стави во мијалникот. Ќе се изненадите колку ќе се намали количината валкани садови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот