Заштедете пари, заштедете време – уживајте во празниците

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Како да почнете? Пред се’, направете си план за трошење. Почнете од наједноставните, месечни трошоци. Имајте го предвид и времето што го одвојувате за да плаќате сметки. Ако досега не сте пробале да направите било каков список, или барем насока за трошење – ние ќе ви посочиме неколку лесни начини.

Особено кога пред вас се празници или настани што секако ќе треба да ги „покриете“ со одреден буџет, важно е да знаете со што располагате, колку имате за трошење и што ви е приоритет.

Направете си список на најважните и приоритетни трошоци:

1.Режиски трошоци за домаќинство
2.Пазарење за домашни потреби
3.Подарок за годишнина/роденден
4.Пролетен шопинг и нова гардероба за вас и децата

Пoчнете секогаш од она што е витално за домот, а потоа планирајте ги останатите трошоци. Запишете си колку трошите – и тоа е некаков начин да следите каде одат вашите пари. И малите трошоци некогаш прават планина од вложени средства што ги забораваме во целосниот буџет.

Од лошите навики извлечете корист – Тргнете настрана фиксна сума за секоја навика што ви троши средства. Пример, ако доцните на работа и одите со такси, тоа се плус пари во месецот што ви одат на превоз. Ако пушите цигари пречесто, – намалете ги, тоа е исто така трошок кој можете да го маневрирате, а касичката ќе ви се полни. Раководете ги и трошоците за одредени прехранбени навики дома. Исфрелете ги сите слатки и грицки кои не се секогаш најдобар избор, а нивно одбегнување значи и заштедување пари и влог во вашето здравје и на вашите дома. Едноставно пробајте, нешто ќе ви успее.

Она што би ви го препорачале, со цел заштеда на време, е да се посветите на користењето мобилно или електронско банкарство. И не само тоа, кога ги плаќате електронски режиските трошоци за домот немате наплата на провизија. Oдличен пример за користење ваква услуга е мобилната апликација на Халкбанк АД Скопје.

Ако сакате да заштедите време кога пазарите, одите на шопинг или спортувате а притоа да немате потреба од носење на сите картици со вас или пак целиот паричник кога додека извршувате одредена спортска активност постои и начин за плаќање преку вашиот мобилен телефон со апликацијата Халкпеј, или пак со користење на Вашиот гармин часовник, преку услугата Garmin Pay.

Научете се да ги цените вашите пари и да ги претворите во нешто што ќе ви биде подолгорочно задоволство и успех. Така можете порелаксирано да ги пречекате празниците и да уживате.

Видео на денот