Засадени 60 дрвја низ Аеродром

На територијата на Општина Аеродром денеска се засадени 60 дрвја од видот платан во паркот „Нирнберг” во Ново Лисиче и на булевар „Србија” во паркот зад бензинската станица на „Лукоил”.

Од општината соопштија дека иницијатор на акцијата е Европскиот фонд за Балканот, кој ја започна иницијативата „Дрво на пријателството” со истовремено садење 400 дрвја во Скопје, Сараево, Приштина, Тирана, Подгорица и Белград.

Во акцијата се вклучи и Општина Аеродром, а целта е да се подигне свеста меѓу граѓаните од државите во регионот за последиците од аерозагадувањето. Општина Аеродром во изминатите три години организираше голем број акции за засадување и зазеленување, при што се достигна бројката од околу 10 000 садници на разни локации низ општината, стои во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот