Засадени 3.300 садници во Општина Аеродром

Општина Аеродром денеска почна со акција за засадување дрвја околу ООУ „Ѓоргија Пулевски”. Беа засадени висококвалитетни листопадни садници, алпинетум и грмушки.

Во акцијата се вклучи и градоначалникот на општината, Златко Марин. Покрај него, дрвја садеа и вработените во општинската администрација, спортисти, ученици и голем број граѓани, кои преку отворена анкета даваа свои предлози за локации за засадување.

Градоначалникот Марин истакна дека зазеленувањето на општината останува врвен приоритет со кој се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.

– Во наредниот период ќе се засадат околу 3.300 садници во неколку последователни акции, и тоа во Реонски центар, на улицата „Тоше Проески”, како и на други локации. Минатата година беа засадени околу 2.200 дрвја, со што изминатите две години се засадени вкупно 5.500 дрвја, рече Марин.

– Исто така, во буџетот за наредната година предвидовме дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници, така што и оваа бројка двојно ќе се зголеми, соопштија од прес-службата на Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот