Зас: Проширувањето на НАТО ќе ги зголеми тензиите во Европа

НАТО знаме
Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Проширувањето на НАТО ќе ги зголеми тензиите во Европа, изјави денеска за новинарите Станислав Зас, генерален секретар на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО) предводена од Москва.

Говорејќи по самитот на ЦСТО во Москва, Зас рече дека алијансата се соочува со предизвици за понатамошна милитаризација на Источна Европа.

Москва ќе преземе мерки како одговор на ширувањето на воената инфраструктура на НАТО на територијата на Финска и Шведска, изјави претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Проширувањето на воената инфраструктура на таа територија (Финска и Шведска) несомнено ќе предизвика наша контрареакција, рече Путин на самитот на земјите-членки на ЦСТО, пренесе ТАС С.

Според него, реакцијата ќе зависи од природата на заканата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот