Заробени шест ерменски војници кои се обиделе да влезат во Азербејџан

Министерство за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека синоќа се заробени шест ерменски војници додека се обидувале да ја преминат границата, а информацијата ја потврди и Ереван.

Во соопштението се прецизира дека диверзантската група на ерменската армија се обидела да навлезе на територијата на Азербејџан во правец на областа Јукари Ајрим во пограничната област.

– Со брза акција, шестмина ерменски војници беа опколени и заробени, се наведува во соопштението.

Ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница е тензична откако Ерменија го обвини Азербејџан на 12 мај за испраќање трупи преку границата.

Азербејџан вчера ја обвини Ерменија за прекуграничен напад врз нејзините сили помеѓу 24 и 26 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот