Зариф за соборениот дрон: Не сакаме војна, но со сите сили ќе го браниме нашето небо

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф рече дека тврдењата на САД дека Иран соборил нивен дрон во меѓународни води се лага и најави дека Техеран тоа прашање ќе го изнесе пред Обединетите Нации.

„САД водат економски тероризам против Иран, спроведоа прикриена акција против нас и влегуваат на наша територија. Не сакаме војна, но ревносно ќе го браниме нашето небо, копно, вода“, напиша Зариф на Твитер.

Тој додаде дека Техеран ќе ја изнесе „оваа нова агресија пред ОН и ќе покаже дека САД лажат за меѓународните води”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот