Зариф одговори на планот на САД за мирно решавање за кризата на Близок Исток

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф синоќа реагираше на американскиот план за формирање на коалиција за мирно решавање на кризата на Близок Исток.

Тој на Твитер ги наброи осумте дипломатски иницијативи на Иран.

– Коалиција за мирно решавање, напиша Зариф и наведе список на дипломатски иницијативи на Иран од 1985 ди 2019 година, меѓу кои и мировниот план за Јемен од 2015 и овогодинешниот предлогот за регионален пакт за ненапаѓање.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера изјави дека САД создаваат коалиција, чија цел ќе биде постигнување мир, со цел да го одвратат Иран по нападите врз нафтените постројки на Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот