Зариф му возврати на Трамп: Кратка војна меѓу САД и Иран е „илузија“

Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека евентуална војна на САД со Иран би била краткотрајна, претставува „илузија”, објави денеска на Твитер иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Според него, заканите на Трамп за уништување на Иран се рамни на „закани за геноцид”.

„Уништувањето е рамно на геноцид и воено злосторство. Краткотрајна војна со Иран е илузија“, навпиша Зариф на Твитер.

Трамп вчера изјави дека војна меѓу САД и Иран е „нешто што би можело да се случи и не би траело многу долго”.

Претходно во вторникот, Трамп се закани дека САД ќе уништат делови на Иран доколку Техеран нападне „што и да е американско”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот