Зариф: Мировниот план на Трамп е кошмар за мирот и регионот

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен план за надминување на израелско-палестинскиот конфликт е „кошмар за мирот и регионот”, напиша на Твитер шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф, пренесе Тасс.

Зариф изрази надеж дека американската иницијатива ќе прозвучи како сигнал за аларм за сите муслимани и ќе ги натера да се обединат.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави изјави дека Иран е подготвен да се спротивстави на планот на Трамп, што го нарече „заговор”, што и се заканува на целата муслиманска заедница.

– Од иранска гледна точка проблемот со Палестина е најважниот за исламскиот свет, рече Мусави.

Против планот на Трамп се изјасни и либански Хезболах, групата која е поддржана од Иран, пренесоа британските медиуми. Таа соопшти дека предлогот на американскиот претседател ги нарушува правата на Палестинците, односно им го одзема правото да се вратат на својата земја и обвини некои арапски држави дека се соучесници во овој „срамен договор”, што му штети на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот