Зариф: Лицето кое го собори украинскиот авион е во затвор

Авион на украинска компанија се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран на 8 јануари, при што загинаа 176 лица.

Човекот по чија вина беше соборен украинскиот патнички авион од страна на иранската армија е во затвор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

– Лицето кое случајно собори украински авион во Иран, денеска е во затвор, рече Зариф, кој го спореди инцидентот со несреќата на иранскиот авион што беше соборен во 1988 година од вооружените сили на САД.

– Вашингтон досега официјално не се извини за инцидентот. Дури и службеникот вклучен во нападот беше одликуван, нагласи Зариф.

Авион на украинска компанија се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран на 8 јануари, при што загинаа 176 лица, меѓу кои и граѓани на Авганистан, Германија, Иран, Канада, Украина, Велика Британија и Шведска.

Иранскиот генерален штаб во изјава на 11 јануари призна дека авионот бил урнат по грешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот