Зариф: Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје поради религиозни уверувања

Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, пренесува агенцијата ИРИБ.

Тој зборувал за она што САД во минатото го користеле како нуклеарно оружје, како и за неодамнешната изјава на Трамп дека откажал напад на Иран затоа што во него би загинале 150 луѓе.

– Навистина бевте загрижени за 150 луѓе? Колку луѓе убивте со нуклеарно оружје? Колку генерации уништивте со тоа оружје? – се прашал Зариф, а пренесува Ројтерс.

Тој истакнал и дека Иран, поради „религиозни уверувања, никогаш нема да користи нуклеарно оружје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот