Заразените студенти во болницата во Будимпешта направија хаос: Фрлале столици низ ходниците, се обиделе да побегнат од карантин

Поради овој инцидент сега персоналот на болницата со помош на полицијата ја обезбедува изолацијата на студентите.

Двајца ирански студенти кои се наоѓаат во јужната централна болница во Будимпешта, а се заболени од коронавирус, се обиделе да ги избегнат правилата на карантин, соопшти Тибор Лакатош, од унгарскиот оперативен одбор.

Според неговите зборови студентите се однесувале „неприфатливо во текот на ноќта и утрото“ и се обиделе да ги избегнат правилата на карантинот, пренесува МТИ.

– Освен недостаток на соработка, тие фрлале столици надвор од одделението – рече Лакатош и додаде дека било кој странски пациент кој ќе одбие соработка, ќе биде протеран од државата.

Според неговите зборови, сега персоналот на болницата со помош на полицијата ја обезбедува изолацијата на студентите.

Унгарското министерство за надворешни работи соопшти претходно дека одлучил граѓаните на Иран кои не ги завериле своите визи нема да можат да влезат во Унгарија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот