Заразените со ковид-19 не можат да ги почувствуваат овие две ароми

Фото: Профимедиа

Пандемијата на новиот коронавирус предизвика хаос во целиот свет, а стручњаците досега открија разни начини како вирусот дејствува и се манифестира.

Некои од главните симптоми на ковид-19 се кашлицата, температурата и исцрпеноста, а губењето на мирисот и вкусот кај пациентите привлече најмногу внимание и се смета за главна карактеристика на вирусот САРС-КоВ-2 (SARS-CoV-2).

Многу истражувачи сега веруваат дека аносмијата или губењето на сетилото за мирис е ран знак кој предупредува на зараза со коронавирус, но новото и многу значајно истражување на индиските научници покажа дека заразените со коронавирус, всушност, не чувствуваат само одредени мириси.

Индиските научници направиле ароматичен тест на база на пет различни типови на ароми, кои најчесто се користат во домаќинствата во Индија, а тоа се лук, нане, кардамом, кокосово масло и анасон.

Тестирањето било спроведено така што аромите се ставале во вреќички, па волонтерите имале задача да забележат дали го почувствувале мирисот на аромата во вреќичката или не. Во студијата учествувале 49 асимптоматични пациенти и 35 здрави волонтери. Истражувањето било двапати спроведено, а вториот пат бил заменет редоследот на аромите и била додадена вода во тестот.

Првата важна работа која студијата ја открила е тоа дека пациентите кои имаат коронавирус не го губат чувството за мирис во целост – тоа го пријавиле само 4,1 отсто од испитаниците за сите пет ароми. Вкупно 38,8 отсто не можеле да препознаат една арома, а 16 отсто – две. Помеѓу здравите волонтери, 14 отсто од нив не можеле да почувствуваат една од петте ароми во вреќичките.

Кога биле споредени сите податоци, индиските научници изолирале две ароми кои пациентите со ковид-19 не можеле да ги помирисаат, а тоа се кокосовото масло и нане.

Авторите на истражувањето сметаат дека нивната студија би можела да помогне во препознавање на асимптоматични пациенти, а веруваат дека истиот тест може да се спроведе и во домашни услови. Можете да се обидете да намирисате одредена низа ароми што ги имате дома, а секое губење на мирисот може да претставува предупредување, пренесува „Индија тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот