Заразените од морбили оздравеа, хируршкото одделение се враќа во функција

Хируршкo одделение на струшката болница од утре повторно ќе биде ставено во функција, јавува Алсат М. Поради големиот број на медицински персонал кој беше заразен од мали сипаници и опасноста од понатамошно ширење на болеста, овој оддел во болницата беше затворена. Во меѓувреме била извршена дезинфенција, а вакциниран е поголем дел од персоналот кој не бил имунизиран од оваа болест.

-Десет дена наназад немаме нови заболени од морбили. Тие кои беа заоблени се вратени на работа како здрави и како трета точка – над 90 отсто од вработените во општа болница веќе се вакцинирани“, рече Мухамед Асани-претседател на комисија за хоспитални инфекции.

Асани додава дека ја следат ситуацијата и на останатите одделенија во болницата и тоа дали се почитуваат протоколарните мерки кои биле донесени уште во месец март.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот