Заразени билки и животни: Коронавирусот не е само закана за луѓето?

Во Танзанија откриени коза и папаја позитивни на коронавирусот, а истрагата е во тек.

Директорот на Националната здравствена лаборатија во Танзанија и нејзиниот раководител за квалитет се суспендирани до истрагата, а до тоа дошло откако претседателот на Танзанија, Џон Магуфули се посомневал во веродостојноста на тестовите за коронавирус и наредил место луѓето тајно да се тестираат животни и билки.

Во пренос од својот роден град Чато во северозападна Танзанија, претседателот Магуфули открил дека тајно наредил тестирање на собрани примероци од животни и билки, а притоа на техничарите не им рекол дека станува збор за примероци кои не поттекнуваат од луѓе.

Претседателот рекол дека побарал од безбедносните сили да го проверат квалитетот на тестовите и откриле дека во лабораторијата тестирале папаја, кози и овци и на тестовите, од кои некои се покажале позитивните, напишале човечки имиња.

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека министерот формирал комитет од 10 луѓе кои ќе го истражат однесувањето во лабораторијата и ќе достават резултати до 13 мај.

Според најновите податоци на министерството за здравство, објавени минатата недела, во земјата има 480 потврдени случаи на коронавирус, вклучувајќи 167 излечени и 16 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот