Заразени 164 рудари со коронавирус во најдлабокиот рудник на светот

Во најдлабокиот рудник на светот, Мпоненг во Јужна Африка, 164 рудари заболеле од новиот коронавирус, поради што рудникот ќе биде затворен на неопределено време.

Рудникот за злато, во сопственост на компанијата „Англоголд Ашанти”, повторно почна со ископувања на 22 април и со 50 отсто капацитет, а потоа беше затворен во текот на воведениот карантин.

Како што се наведува, рудникот е повторно затворен бидејќи рударите биле загрижени поради одлуката за повторно отворање поради неможноста да се спроведе мерката за физичко дистанцирање.

Рудникот Мпоненг се простира на околу четири километри длабочина, поради што се смета за најдлабок рудник на светот од ниво на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот