Заразени 14 играчи: Коронавирусот одложи нов меч во ракометната ЛШ!

Фото:handball.motorsich.com/

Како што информиаат од Европската ракометна федерација уште еден натпревар во машката ракометна Лига на шампионите нема да се игра во закажаниот термин.

Во редовите на Мотор Запорожје вкупно 14 ракометари се позитивни на ковид-19 и ќе останат во карантин.

Поради тоа ЕХФ одлучи да го одложи дуелот на Украинците (среда, 14 октомври) против германската екипа Кил од четвртото коло во ЛШ, во рамките од „Б“ групата.

Коронавирусот беше причина да се одложат и два натпревари на Вардар 1961 во „А“ групата, против Елверум (Норвешка) и Пик Сегед (Унгарија).

Одложувања има и во женската ракометна ЛШ, односно на 11 октомври нема да играат Валчеа (Романија) и Подравка (Хрватска). Поради одлука на локалните власти во Валчеа во врска со ситуацијата со ковид-19 во областа веќе не е возможно овој натпревар да се игра во Валчеа во закажаниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот